Државната изборна комисија (ДИК) утринава го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место во Струмица, за гласачкото место број 1.727, и со тоа се отвора можноста за втор круг на избори. Сѐ уште во ДИК се разгледуваат уште два приговори за гласачките места со број 1.730 и 1.734. Расправата во ДИК продолжува.
На овие три гласачки места гласаат 3.255, од кои на локалните избори во неделата излегле да гласат 2.553 граѓани. Од нив, 1.436 граѓани гласале за кандидатот на СДСМ, Зоран Заев, 1.034 за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, 10 за Ристо Божијанов од СДПМ, 6 гласале за Панче Јаков од СДУ, а 67 ливчиња биле неважечки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.