Пред точно една година, 298 патници и членови на екипажот на патничкиот лет MH17 на Малезија ерлајн,с загинаа кога нивниот авион беше соборен над источна Украина, околу 40 километри од границата со Русија. Досега се снимени голем број на видеоматеријали на местото каде што падна авионот, но сега е објавена снимка на која бунтовниците доаѓаат до местото на несреќата. Бунтовниците се убедени дека со проектил собориле украински воен авион.
Копајќи низ работите на мртвите патници про-руските бунтовници сфаќаат дека не е срушен воен, туку патнички авион, откриваат ексклузивните снимки објавени од страна на News.com.au.
Видеоснимките беа предадени на меѓународниот тим за истрага на падот на малезискиот авион, составена од истражувачи од Австралија, Белгија, Малезија, Холандија и Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)