Германската канцеларка Ангела Меркел, расплакала девојче од Палестина за време на посетата на едно училиште, со зборовите дека некои бегалци ќе мора да се вратат назад.
Канцеларката го расплакала девојчето од Палестина за време на посетата на училиште каде разговараше со младите за политиката кон азилантите и барателите на азил која е наречена “Добро е да се живее во Германија“.
Откако ученичката Реем од Палестина на течен германски јазик објасни дека заедно со семејството ќе бидат депортирани од Германија, Ангела Меркел и кажа дека не може на сите исто како и на нејзиното семејство што се во бегалските кампови, да им каже слободно да дојдат. Девојчето почна да плаче, а канцеларката и пријде и се обиде да ја утеши.
– Некои бегалци ќе мора да се вратат назад – рекла Меркел пред насобраните деца. Ниту раката за утеха на Меркел на рамото на расплаканото девојче не можела да помогне.
– Сфаќам, ама политиката понекогаш е тешка. Ти си мило девојче, но постојат илјадници во бегалските кампови во Палестина и во Либанон. Не можеме на сите да им кажеме: “Дојдете овде“.
Погледнете го видеото:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.