| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување и за Вардар, АПОЕЛ на дисциплинска кај УЕФА за политички транспаренти

Големо предупредување и за навивачите на Вардар е поведувањето на дисциплинска постапка за АПОЕЛ, по истакнатите транспаренти со политичка содржина на „ГСП арена“ во Никозија.
УЕФА најави нулта толеранција особено за балканските земји, а кипарскиот шампион веројатно ќе биде казнет за паролите на трибините за време на првиот меч со Вардар.

„Македонија е грчка“ и „Не си играјте со нашето свето име“ беа само дел од истакнатите транспаренти од симпатизерите на АПОЕЛ, заради кои клубот ќе биде казнет.

Ова е големо предупредување и за навивачите и Управата на Вардар, во реваншот да сторат се да нема политички пораки, за да не биде казнет македонскиот шампион. Вториот меч ќе се игра од 20 часот во вторник на 21. јули на националната арена „Филип втори“.

apoel-navivaci-3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top