| четврток, 6 декември 2018 |

Овие намирници не смеете да ги чувате во фрижидер, дури и на +40

Врелите денови се тука, па многу од нас по навика ставаат вода и различни намирници во фрижидер, во потрага по разладување. Сепак тоа не секогаш е добра идеја.

домати

1.Домати

Ако ги чувате доматите во фрижидер, ризикувате да ја изгубите нивната јадрост и свежина и да станат меки и безвкусни. Исто така се скратува нивниот рок на траење.

лук

2.Кромид и лук

И кромидот и лукот треба да се чуваат што подалеку од фрижидерот. Не само што ризикувате непријатните мириси да се шират низ фрижидерот, туку може да се случи и другата храна да ги впие. Посебно ако имате некои колачи или торта. Ниту на лукот нема да му годи. Ако се остави во фрижидер, може да помодри.

леб

3. Леб

Иако ви се чини дека ладењето не може да му наштети на лебот, вистина е дека лебот брзо се суши во фрижидер. Ако планирате да го користите по неколку дена, може да се стави во фрижидер, но за подолг период подобар избор е добро да се замота и стави во комора за замрзнување.

компир

4.Компир

Ниските температури предизвикуваат скробот во компирот да се претвори во шеќер кој го менува вкусот на компирот и го прави крут. Наместо во фрижидер, компирот чувајте ги компирите во хартиена кеса која ќе овозможи циркулација на воздух. задолжително кесата чувајте ја на мрачно и суво место.

мед

5.Мед

Ако медот се чува во фрижидер, ќе почне да кристализира и да се стврднува, па ќе биде тешко да се забоде лажица во теглата, а уште помалку да се намачка на леб. Најдобро би било да се чува во тегла на темно и суво место.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top