Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, најави дека ќе воведе данок од неверојатни 75 проценти на платите кои на годишно ниво се поголеми од еден милион евра.
Според новиот данок на плати, товарот за плаќање на давачките ќе биде на фирмите кои и сега за највисоките плати плаќаат данок повеќе од 50 проценти.
Оланд очекува дека поголемиот дел до компаниите ќе го избегнат данокот со тоа што ќе им ги намалат платите на вработените во следните две години.
Според него, ваквиот потег е разумен во време кога се намалуваат платите на многу вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


