| четврток, 6 декември 2018 |

Намалете ги килограмите без гладување и вежбање: Само лежете вака 3 пати дневно по 5 минути (видео)

Брзото и ефикасно слабеење никогаш не било полесно…Звучи речиси како бајка или мит, меѓутоа во текот на десет години јапонскиот лекар Фукутсуџи им помага на жените да ослабнат во најкус можен рок. А тоа е: без диета, напорни вежби и трошење пари. Бесплатно и брзо слабеење не постои, ќе речете, но тоа не е вистина!

Методата опишана од овој Јапонец во неговата книга која се продаде во Азија во тираж од шест милиони примероци очигледно стана хит. Докторот вели дека не се потребни никакви посебни алати за брзо слабеење, потребен ви е само голема крпа, јак конец или лента за да ја зацврстите крпата во ролна, рамна површина и три пати по пет минути дневно. Методот е лесен за изведување и мошне ефикасна. Не треба значи ништо да се прави, само треба три пати дневно по 5 минути да се лежи во вистинската положба.

Доктор Фукутсуџи инаку е специјалист за проблеми на карличната коска, а открил дека главната причина за масните наслаги во подрачјето на половината е токму разминувањето на карличната коска и подребрените коски.

Откако ја открил врската меѓу овие два проблеми, осмислил метода со која секој на брз и едноставен начин може да го отстрани вишокот килограми околу половината.

Ова е постапката која треба да се направи:

  1. Крпата свиткајте ја во ролна и завиткајте ја со некаква трака за да го зацврстите.
  2. Седнете на цврста површина, најдобро на под.
  3. Свитканата крпа ставете ја под грбот, во ниво на папокот и потоа легнете (крпата треба да биде малку поширока од ширината на грбот).
  4. Нозете раширете ги во ширина на рамената и свиткајте ги стапалата, така што палците на нозете да се допираат.
  5. Рацете испружете ги над главата, свртете ги дланките кон долу и поврзете го малите прсти од левата и од десната рака.

И тоа е тоа. Иако изгледа сосема едноставно, таа положба воопшто не е лесна, ниту удобна. Ако ви е тешко до крајот да ги држите рацете во испружена положба, првите неколку пати испружете ги колку што можете, но секако споите ги малите прсти на рацете, како и ножните палци. Во таа положба лежете 5 минути, три пати на ден. Можеби на почетокот ќе имате непријатно чувство, дури и болно, а ако ви стане неиздржливо, скратете го третманот на онолку колку што можете да издржите. Важно е да се напомене дека „вежбата“ мора да ја изведувате секој ден ако сакате видливи резултати. Откако ќе завршите со третманот немојте да станувате нагло. Додека сте во лежечка положба свртете се на страна, а потоа исправете се се во седечка положба, а потоа станете.


Предупредување: Доколку имате проблеми со кичмата или некаква болест на коските, пред третманот посоветувајте се со лекар за тоа дали воопшто да ја користите оваа метода.

Ако свитканата крпа ја поместите под градите-ќе имате ефект на поткревање на гради.

Ако го ставите под ребрата-струкот ќе стане поизразен.

Само бидете внимателни, бидејќи дури за пет минути лежење во оваа положба, коските и зглобовите се поместуваат. Значи по сеансата станувајте многу полека. Прво на страна, потоа седнете, а дури после станете. Избегнувајте нагли движења.

Дури и ако не верувате во оваа метода, ништо не се чини да пробате. Ви препорачуваме да ги измерите своите облини пред и по третманот, барем првиот пат и ќе бидете пријатно изненадени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top