| четврток, 6 декември 2018 |

МАН: МВР да преземе активности за лица кои ги попречуваат новинарите во својата работа

Македонската асоцијација на новинари остро го осудува инцидентот пред резиденцијата на Европската унија меѓу новинарот Александар Спасовски и Саше Ивановски.

ман

– Лицето Саше Ивановски вчера ја попречуваше работата на новинарот Александар Спасовски кој беше на професионална задача да известува од преговорите меѓу македонските лидери и меѓународните претставници за надминување на политичката криза. Воедно попречувањето во работата на новинарот Спасовски е и упад во програмата на телевизија Сител, се вели во соопштението на МАН.

МАН потенцира дека Александар Спасовски е новинар кој беше на должност, а лицето Саше Ивановски не е новинар.

-Лицето Саше Ивановски повеќе пати досега ја попречува работата на новинарите, медиумите, како и воопшто настаните наменети за јавноста,укажува МАН.

МАН очекува Министерството за внатрешни работи да преземе мерки против ваквите насилници кои го оневозможуваат новинарите во извршување на работата.

И МАН и повеќе пати обрнуваа внимание дела лицето Саше Ивановски повеќе пати попречува, провоцира и навредува новинари додека се на должност.

-Напоменуваме дека на местото на настанот имало припадници на полицијата и доколку си ја вршеле работата немало да дојде до инцидентот, се вели во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top