| четврток, 6 декември 2018 |

Андреев: Нема простор за славје, работата сѐ уште не е завршена

APOEL-VardarТренерот на македонскиот фудбалски шампион Вардар, Сергеј Андреев, изрази задоволство од резултатот на дуелот со АПОЕЛ, но апелира да не се создава еуфорија и мислење дека победникот на двомечот веќе е решен.

– Уште ништо не е готово и нема простор за славје. Треба добро да се подготвиме и за реваншот и не смееме да мислиме дека работата е завршена. Ова е Лига на шампиони и патникот понатаму го одлучува еден момент, една грешка. АПОЕЛ е тим кој игра поразлично на гостински терен. Резултатот 0:0 никогаш не е доволен. Ниту победа од два-три гола разлика не значи ништо во денешниот фудбал. Патникот во следното коло зависи од двата натпревари. Во Скопје нѐ очекува еден исклучителен дуел каде што ние ќе ја имаме поддршката од публиката – изјави Андреев.

Вардар вчеравечер во првиот натпревар од 2. коло во квалификациите за Лигата на шампионите одигра нерешено 0:0 на гостувањето во Никозија кај АПОЕЛ. Реваншот во Скопје е закажан за 21 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top