| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар ги смири кипраните, на ред е скопскиот пекол за АПОЕЛ

Фудбалерите на Вардар имаат одличен резултат без голови по првиот меч на Кипар против АПОЕЛ во второто квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите и на свој терен за една седмица ќе атакуваат на поволен исход за да го елиминираат фаворитот.

vardar

Македонскиот шампион ги издржа сите провокации од трибините и притисокот на теренот и не дозволи да биде поразен, па сега на ред е скопскиот пекол на националната арена „Филип втори“. Резултат од 0-0 идеален за полни трибини во Скопје, каде ќе се одлучува која екипа ќе оди понатаму.

АПОЕЛ кој трипати играл во ЛШ, за разлика од Вардар, кој го очекува првиот и историски настап во елитното натпреварување, имаше неколку зрели шанси, но голманот на гостите Томе Пачовски беше извонреден. Тој на феноменален начин во финишот на првиот дел ги скроти двата удари на Леал кои одеа во рамките на голот, а потоа уште еднаш во вториот дел реагираше како мачка и спаси предност за АПОЕЛ.

Вардар по третпат гостуваше на Кипар и за првпат одигра нерешено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top