Кипарскиот шампион АПОЕЛ утре во рамките на второто коло од квалификациите од Лигата на шампионите на домашен терен ќе игра против македонскиот шампион Вардар. Во пресрет на првиот дуел тренерот на домашната екипа Доминго Пасиенсиа на прес конференцијата истакна:
– Гледавме нивни пет натпревари и заклучив дека Вардар добро се брани и добро напаѓа од противнапади. Вардар знае да ја искористи секоја грешка. Играат во формација 3-5-2 и 4-5-1. Пред нашите навивачи ние мораме да дадеме максимум. Првиот натпревар е важен, не сакаме да се опуштиме и ни треба добар резултат, а мораме да имаме почит кон противникот, изјави португалскиот тренер на клупата на АПОЕЛ.
Екипата на Вардар од вчера се наоѓа во Никозија, а вечерва „црвено-црните“ ќе имаат и тренинг на стадионот „ГСП“ каде утре вечер ќе се одигра натпреварот со почеток во 20 часот по локално време или 19 по македонско време. Судија на натпреварот е Алијар Агаев од Азербејџан.
Реванш натпреварот се игра на 21.јули во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.