Кандидатот за градоначалник на Битола, Владимир Талески, од владејачката коалција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во вториот круг ќе оди со поддршка од независниот кандидат Зоран Лазаревски-Паљо, кој денеска ги повика оние кои гласале за него во првиот круг, поддшката да му ја дадат на Талески. Популарниот Паљо по првиот круг беше третопласиран, со повеќе од два илјади гласови кои ги освои.

– Мнозинството во идниот Совет на општина Битола го има ВМРО-ДПМНЕ и затоа сметам дека нема да има логика и негативно ќе влијае врз работата на Советот доколку градоначалникот е од СДСМ бидејќи ќе има опструкции на програмата, проектите и други пречки. Но, она што е најважно е фактот дека во првиот круг сите битолчани довербата му ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и на градоначалникот Владимир Талески. Јас се согласувам со желбата на моите сограѓани и ги повикувам сите мои поддржувачи во вториот круг да гласаат за Талески – рече Лазаревски-Паљо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


