| четврток, 6 декември 2018 |

Власта предлага лустрацијата да се укине во септември

Група пратеници на ВМРО – ­ДПМНЕ и на ДУИ до Собранието поднеле предлог­закон со кој лустрацијата треба да престане да важи од први септември годинава.

lustracija

 

Тоа ќе значи дека од тој датум Комисијата за верификација на факти нема мандат за покренување на нови постапки за лустрација, а се запираат и сите постапки за кои до 1 септември нема да се донесат решенија.

Според законот, луѓето кои добиле решенија за лустрација од Комисијата нема да можат да работат јавна функција во период од пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top