
Во знак на почит кон делото на прерано починатиот новинар Никола Младенов и неговиот голем придонес за развојот на македонското новинарство, слободната мисла и демократијата во Р. Македонија, Македонскиот институт за медиуми (МИМ) одлучи наградата за најдобра истражувачка сторија на годината да го носи неговото име и да гласи – Награда за најдобра истражувачка сторија на годината „Никола Младенов“.
Институтот ја доделува оваа награда за врвни достигнувања во истражувачкото новинарство од 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


