Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар, а на дизелот се намалува за 1,5 половина.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС95 ќе изнесува 71,50 денари за литар, а на Еуросупер БС98 ќе биде 73,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 53,50 денари за литар, а на екстралесното масло за домаќинство 42 денара. Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 26,3 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар изнесуваше 58,6 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,66 денари за долар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.