На возачите во Франција од 1 јули им е забрането додека управуват со возилото да имаат во ушите било како уред кој што емитува звук, освен слушалки за наглуви лица. Одредбата се однесува на возачите на автобуси, камиони, патнички возила, мотоцикли, скутери и велосипеди. Забраната се однесува на слушалки за мобилен телефон, како и за слушање на музика, радио или слично.
Во случај на непочитување на оваа одредбапредвидена е казна од 135 евра и одземање на три поена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.