Кога екс грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис реши да отсуствува од клучното гласање во Парламентот, за новите реформи, со образложение дека тоа го прави од семејни причини, тој бил фатен од новинар како оди на одмор на блискиот остров Егина. Кога новинарот се обидел да го фотографира поранешниот министер, еден од телохранителите на Варуфакис го нападнал физички и го претепал. Ова се случило пред неколку часа во пристаништето во Егина, а новинарот е колегата од грчкиот весник Тема, Фриксос Драконидис, соопшти весникот “Бугарски вести”.
Обезбедувањето на поранешниот министер за финансии, го нападнале репортерот кога тој и фото новинарот Вилијам Фејтфул се обиделе да го снимат Варуфакис и неговата сопруга Дана. Спонтано и без причина, еден од телохранителите на Варуфакис го нападнал новинарот кога се обидел да постави прашања. Варуфакис, не само што не е прифатил да одговори на прашањето на новинарот, туку го пуштил обезбедувањето да го елиминира, а како резултат на тоа претепаниот новинар паднал на земјата со повредена глава.
Во исто време, парламентот на Грција ја решаваше судбината на земјата, прифаќајќи ги барањата на доверители. Варуфакис е фатен дека лаже оти бил зафатен со семејството. Тој всушност одел да опушти на островите и да си дозволи однесување како криминалец. За оваа невидена случка, напад врз новинар е информиран министерот за заштита на граѓаните Јанис Панусис кој се обврза да ја истражи длабочина на случајот, а новинарот Фрексос Драконидис пуштил жалба до пристанишните власти и веќе поднел тужба против Варуфакис, неговата сопруга и неговите тројцата боди гардови .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!