| четврток, 6 декември 2018 |

Карлеуша доаѓа во Охрид на 24 јули

Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша на 24 јули ќе има свој настап во најголемата дискотека во Македонија, клубот ”Калео” во Охрид, објави порталот „Охрид 1“. Ѕвездата која е секс симбол на Балканот и модна икона на која и позавидуваат и холивудските диви за првпат доаѓа во Охрид, а концертот ќе го почне во 23 часот. Интересот за карти е огромен, а доколку сте заинтересирани можете уште сега да резервирате влезници и место во клубот на телефонот 078 446 554.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top