Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша на 24 јули ќе има свој настап во најголемата дискотека во Македонија, клубот ”Калео” во Охрид, објави порталот „Охрид 1“. Ѕвездата која е секс симбол на Балканот и модна икона на која и позавидуваат и холивудските диви за првпат доаѓа во Охрид, а концертот ќе го почне во 23 часот. Интересот за карти е огромен, а доколку сте заинтересирани можете уште сега да резервирате влезници и место во клубот на телефонот 078 446 554.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.