| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Имаме мандат за подобар договор со кредиторите, но не и за излез од еврозоната

Добивме мандат од народот да постигнеме подобар договор со кредиторите, а не добивме мандат за да ја извадиме Грција од еврозоната, изјави грчкиот премиер и лидер на Сириза Алексис Ципрас на седница на парламентарната група на владејачката партија, јави њуз.ин.

Aleksis Cipras

 

Ципрас ги повика пратениците во парламентот да го поддржат пакетот мерки за реформи во замена за нов кредит на земјата, пренесе БТА. ­

– Моментот и одлуката кои треба да се преземат, се исклучително критични, тоа што е важно е парламентарната група на Сириза да биде обединета и целосна на гласањето на пакетот мерки во Парламентот при донесувањето на решенијата, изјави грчкиот премиер.

Според него, во Парламентот сите дошле заедно и или ќе продолжат сите заедно или сите ќе си одат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top