Техеран апелираше до шесторката, со која води преговори за нуклеарната програма, да избираат меѓу договорот и притисок, изјави денеска во Виена шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф.
– Ние многу пати сме зборувале дека договорот и притисокот се две некомпатибилни нешта. Треба да се избере едно од двете. Констатираме дека има премногу високи барања кон нас и ги набљудуваме промените во ставовите. Покрај тоа меѓу самите земји од шесторката има различни ставови, а тоа ја усложнува работата – посочи Зариф.
Но, тој посочи дека и покрај тоа продолжува работата за постигнување на договорот.
– Ние не треба да ја напуштиме и нема да ја напуштиме преговарачката маса- истакна Зариф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.