Папата Франциск за време на посетата на Боливија се извини за гревовите и злосторствата извршени од Католичката црква врз домородното население за време на освојувањето на американскиот континент во ерата на колонијализмот.
Првиот латинскоамерикански папа во историјата „смирено“ замоли за прошка за време на средбата со претставници на домородното население и други активисти, во присуство на првиот боливиски претседател од индијанско потекло Ево Моралес.
Папата Франциск нагласи дека лидерите на латинскоамериканската црква во минатото признавале тешки гревови, извршени врз локалното населние во Америка во името на Бог.
Јован Павле Втори за време на посетата во 1992 година на Доминиканската Република му се извини на домородното население на Америка за болката и страдањата извршени за време на 500-годишното црковно присуство на континентот.
– Смирено молам за прошка не само за злосторствата на самата црква, туку и за злосторствата извршени против локалното население за време на освојувањето на Америка – изјави Папата Франциск, што беше поздравено со силен аплауз и радосни извици меѓу насобраните луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Папата бара казни за сексуалните злостатувачи на деца во црквата
-
Неможеше да избега: Оваа девојка кажа „да“ пред Папата Франциск (видео)
-
Нов скандал во Ватикан: Полицијата прекинала сексуални оргии, советникот на Папата предозиран



