| четврток, 6 декември 2018 |

Плевнелиев: До крајот на 2015 година Црна Гора може да добие покана за членство во НАТО

плевне

Се надеваме дека до крајот на 2015 година, Црна Гора може да добие покана за членство во Североатлантската алијанса, изјави денеска во Софија бугарскиот претседател Росен Плевнелиев на заедничката прес-конференција со неговиот црногорски колега Филип Вујановиќ, кој престојува во официјална посета на Бугарија.

– Бугарија е адвокат, голем пријател, Бугарија е еден од моторите за остварување на тој позитивен резултат, не само за Црна Гора, туку и за целиот регион – истакна Плевнелиев.

Тој, како што јави БТА, нагласи дека активниот политички дијалог во последните години е доказ за одличната состојба во која се наоѓаат односите меѓу Бугарија и Црна Гора, како и за замните желби за поголеми резултати во билатералната соработка.

– Нашато партнерство е особено интензивно на полето на евроатланските и европските интеграции и на билатералната основа. Ние ѝ помагаме на Црна Гора врз основа на новиот меморандум за соработка, што беше потпишан минатата година – истакна бугарскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top