Се надеваме дека до крајот на 2015 година, Црна Гора може да добие покана за членство во Североатлантската алијанса, изјави денеска во Софија бугарскиот претседател Росен Плевнелиев на заедничката прес-конференција со неговиот црногорски колега Филип Вујановиќ, кој престојува во официјална посета на Бугарија.
– Бугарија е адвокат, голем пријател, Бугарија е еден од моторите за остварување на тој позитивен резултат, не само за Црна Гора, туку и за целиот регион – истакна Плевнелиев.
Тој, како што јави БТА, нагласи дека активниот политички дијалог во последните години е доказ за одличната состојба во која се наоѓаат односите меѓу Бугарија и Црна Гора, како и за замните желби за поголеми резултати во билатералната соработка.
– Нашато партнерство е особено интензивно на полето на евроатланските и европските интеграции и на билатералната основа. Ние ѝ помагаме на Црна Гора врз основа на новиот меморандум за соработка, што беше потпишан минатата година – истакна бугарскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток