Во катната гаража „Македонска фаланга” во Скопје денеска официјално беше пуштена во употреба станица за полнење електрични возила, која е поставена на првиот кат на гаражата.
На пуштањето во употреба на новата станица за полнење електрични возила присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој најави и други активности на Градот во областа на електромобилноста.
– Оваа станица е наменета за полнење на сите видови електромобили (автомобил, скутер, електро велосипед) и има два приклучоци за истовремено полнење со вкупна моќност од 22 киловати по приклучок. Еден електроавтомобил целосно се полни за околу 30 минути, а со овие автомобили трошокот за возење на 100 километри изнесува околу 50 денари. Паркингот за време на полнењето во катната гаража е бесплатен – рече Трајановски.
Тој најави дека Градот ќе продолжи со проекти со кои се унапредува елетромобилноста и во наредниот период ќе биде набавено вакво возило за потребите на администрацијата на Град Скопје, а ќе продолжи и процесот на поставување полначи на паркинзите на ЈП „Градски паркинг”.
Станицат аза полнење електромобили во катната гаража е прва од овој вид на територијата на Град Скопје, а во моментов ЈП „Градски паркинг” има набавено две станици, за што издвои 20.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила
-
Џенерал Моторс ќе користи 3-Д печатачи за производство на автомобилски делови