Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе престојува во прва официјална посета на Босна и Херцеговина, каде што ја завршува тридневната балканска турнеја.
Меркел во Сараево ќе биде пречекана од претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, а потоа ќе се сретне и со членовите на Претседателството на БиХ.
Германската канцеларка е предвидено да ја посети изложбата во Галеријата „11/07/1995“ и да се сретне со претставничките на Здружението „Мајки на Сребреница“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.