Гувернерот на Француската централна банка Кристијан Нојер изјави денеска дека стравува од колапс на грчката економија и хаос доколку Грција не постигне спогодба до недела со европските кредитори.Нојер изјави за радио станицата Europe 1 дека Европската централна банка со месеци ги поддржувала грчките банки, но и дека постои лимит за таквата помош.- Се обврзавме да ја задржиме Грција во еврозоната и дека тоа е причината поради која е пружена вонредна помош за одржување на ликвидноста на Грција- додаде тој.
Тој напомена дека сегашната ситуација е абнормална и оти не може долго да трае.
Нојер исто така прогнозираше „немири“ во Грција доколку не се постигне спогодба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.