Многумина од нас не можат да замислат да го почнат денот без омилената црна напивка. Меѓутоа, кога е вака пеколно топло попаметно би било да го избегнувате кафето, а особено она попладневното кафе.
Сите се радуваме кога времето е сончево, а особено они кои се во можност во текот на денот можат да отидат до своето омилено кафуле на кафе со пријателите. Сепак, на тропските горештини ова воопшто не е добра идеја. Иако на прв поглед делува дека филџан кафе, кое има моќ да ни го покачи притисокот би можела да биде одлична превенција против топлотен удар, тоа не е така. Проблемот е во тоа што кафето (исто како и црниот чај) содржи многу кофеин, супстанца која го покачува крвниот притисок, го забрзува пулсот, а може да предизвика и прескокнување на срцето. За жал, тоа покачување на притисокот е само моментално, а токму откако ќе престане дејството на кофеинот може да дојде до стрмоглаво спуштање на притисокот. Сигурно не сакате да ви се слоши, а уште помалку да доживеете инфаркт или мозочен удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.