Селекторот на Италија, Антонио Конте мора да се појави на суд заедно со уште 104 осомничени лица за местење натпревари во Италија.
Поранешниот тренер на Јувентус е осомничен дека како тренер на Сиена во 2011 г. знаел за два наместени меча заради што беше суспендиран на четири натпреари.
Постоеше можност Конте да го напушти кормилото на Италија заради случувањата со местенките, но претседателот на Федерацијата Карло Тевкија најави дека тој ќе ги води Азурите до крајот на квалификациите за ЕУРО 2016.
Мечевите за кои e oсомничeн се Сиена – Новара, односно Сиена – Албинолефе од сезоната 2010/11 во Серија Б.
Тој за цело време тврди дека е невин и дека не бил свесен за нерегуларноста, но беше суспендиран на 10 месеци бидејќи не пријавил можно местење кај властите. Конте не е обвинет за учество во нелегални активности туку „затоа што не го зачувал моралот на своите играчи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.