Поранешниот фудбалер на Милан Џенаро Гатузо, вчера беше обвинет дека учествувал во нов скандал во наместени фудбалски натпревари.
Меѓутоа темпераментниот Италијанец не успеа да се воздржи од коментари:
– Јас не можам да поднесам да загубам ни на тренинг, тоа добро го знаат сите што ме познаваат. Не сакам да губам, а во врска со местење на натпревари, немам никаква поврзаност. Никогаш никој не ме контактирал по тој повод, а и кога би сакал да наместам натпревар не би можел тоа да го направам. Не можам ова да го поднесам. Знам дека ова што ќе го кажам е тешка изјава, но доколку се докаже дека сум местел, ќе отидам во центарот на градот и ќе се убијам пред сите од срам – рече Гатузо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.