Атанасиос Келемис (55), претседател на германско-грчката стопанска комора, во интервју за „Ханделсблат” изјави дека хотелите во Грција полека остануваат без храна.
– Големите хотелски синџири имаат храна за уште, можеби, десет дена, а потоа ќе почнат тешкотиите. Грција и Европа мора да почнат да соработуваат – вели Келемис.
Тој додава дека треба итно решение за економијата.
– Ако наскоро нема решение, на крајот на оваа недела може да ги очекуваме и првите отпуштања – вели тој
Наскоро и без лекови?
Поголемиот број на лекови во Грција се увезуваат од другите европски земји. Но, поради кризата во моментов трансферот на пари помеѓу Атина и странство е ограничен, па аптеките и болниците се плашат дека наскоро би можеле да останат без лекови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција