| четврток, 6 декември 2018 |

Хотелите во Грција имаат намирници само за 10 дена

Атанасиос Келемис (55), претседател на германско-грчката стопанска комора, во интервју за „Ханделсблат” изјави дека хотелите во Грција полека остануваат без храна.

– Големите хотелски синџири имаат храна за уште, можеби, десет дена, а потоа ќе почнат тешкотиите. Грција и Европа мора да почнат да соработуваат – вели Келемис.

Тој додава дека треба итно решение за економијата.

– Ако наскоро нема решение, на крајот на оваа недела може да ги очекуваме и првите отпуштања – вели тој

Наскоро и без лекови?

Поголемиот број на лекови во Грција се увезуваат од другите европски земји. Но, поради кризата во моментов трансферот на пари помеѓу Атина и странство е ограничен, па аптеките и болниците се плашат дека наскоро би можеле да останат без лекови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top