| четврток, 6 декември 2018 |

Штипското културно лето почна со богата програма во Дом на млади

Во Дом на млади – Штип посетителите ќе имаат можност да проследат низа настани кои се дел од Штипското културно лето 2015.

Вечерва во Дом на млади – Штип на отворената сцена со почеток во 20 часот ќе биде прикажана детската театарска претстава “Снег во јуни” во изведба на учениците од ООУ “Гоце Делчев “ – Штип.

Во среда, 8 јули, со почеток во 20 часот ќе биде промовирана стихозбирката “Живее ли изгрејсонцето” од Анастасија Петрова, во четврток, 9 јули, со почеток во 22 часот ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии од Тоши Трајчев.

А во четврток, 9 јули исто така во Дом на млади – Штип со почеток во 20 часот по повод Светскиот ден на Рок музиката, Дом на млади Штип и Совет на млади Штип за прв пат организираат заеднички рок настан на кој ќе настапат „Bernays Propaganda“, Баже и Александра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top