| четврток, 6 декември 2018 |

Одземена титулата на Мејведер во ВБО верзијата поради неплатен долг

Боксерскиот меч кој привлече најголемо внимание во 21.век меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакјао во кој Aмериканецот покрај титулите во ВБЦ и ВБA по победата стигна и до шампионската круна во ВБО верзијата во велтер категорија.
Сепак Мејведер по два месеци од борбата остана без последниот трофеј.

ВБО му ја одзеде титулата на Флојд Мејведер затоа што не плати 200 илјади долари на оваа организација за одржување на борбата. Поради тоа ВБО повеќе не го признава за свој шампион па му е одземен насловот.

Иако шампионот за боксерскиот меч на векот заработи неверојатни 230 милиони долари најплатениот спортист на светот не сакаше да го плати долгот од самиот 200 илјади долари во рок од два месеци колку што ВБО побарува.

По оваа одлука, сега нов шампион во ВБО верзијата е Тимоти Бредли кој во битката за привремен шампион беше подобар од Џеси Варгас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top