| четврток, 6 декември 2018 |

Косовски кикбоксер убиен во Сирија како член на ИД

гаси

Кикбоксерот од Косово, Валдет Гаши, е убиен во Сирија како член на групата „Исламска држава“, јавуваат медиумите во Приштина.

Валдет Гаши (29) се приклучил на ИД во јануари минатата година. Минатиот месец тој во телевизиско интервју изјави дека се обидува да создаде модерен калифат во Сирија.

– Ако умрам правејќи добро, со сигурност ќе бидам среќен – изјави Гаши во интервјуто.

Гаши е убиен на 27 јуни, а информацијата ја објави неговиот брат на својот профил на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top