„Аспајар Асисит“ е нова напрaва која на луѓето им овозможува да се прејадуваат, а потоа да ја „испумпаат“ изедената храна од желудникот.
Оваа контроверзна направа досега не беше достапна за пошироката јавност, но нејзината популарност секојдневно расте и наскоро ќе се најде во слободна продажба во Велика Британија, каде нејзиното доаѓање предизвика многу рекации, од кои некои очекувано не се позитивни.
Иако, корисниците можат да се пофалат со одлични резултати, пришто некои изгубиле и до 45 килограми, критичарите тврдат дека овој изум само им овозможува на луѓето да „повраќаат кога сакаат“, со што не се решава вистинската причина за дебелеењето.
Пациентите мораат на почетокот да се подложат на 15-минутна операција, пришто во желудникот им се става цевка на која се надоврзива пумпа со која во желудникот се вбризгува вода и потоа се „извлeкува“ несварената храна. Кога не се користи, крајот на цевката се затвора.
Тие кои ја користат направата гo избегнуваат варењето на третина од изедената храна.
Производителот на направата во промотивни материјали ги предупредува корисниците внимателно да ја џвакаат храната, за да не се затне пластичната цевка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.