Кралското британско семејство на приватна церемонија ја крстија малата принцеза Шарлот. Чинот се одвиваше во црквата Света Марија Магдалена во Норфик, на истото место каде што е крстена и принцезата Дајана во 1961-та година. На церемонијата беше поканет само 21 гостин.
Ова воедно е и првата пригода каде што помладото кралско семејство се појавува заедно. И иако Шарлот Елизабет Дајана беше во центарот на вниманието, ништо помалку не беше забележан и малиот принц Џорџ. Тој беше облечен идентично како и неговиот татко, за време на крштевката на принцот Хари.
На крштевката присустуваа кралицата Елизабета (89) и принцот Филип (94), принцот Чарлс со Камила, како и родителите на Војвотката од Кембриџ, нејзиниот брат Џек и сестрата Пипа, која облечена во бел фустан со долги ракави, доби пофалби за изгледот.
Принцезата Шарлот беше облечена во истиот фустан во кој се крштеваше и принцот Џорџ, а Кејт остана доследна на својот префинет стил во бел костим и шапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.