| четврток, 6 декември 2018 |

Крштевката на британската принцеза Шарлот (фото)

Кралското британско семејство на приватна церемонија ја крстија малата принцеза Шарлот. Чинот се одвиваше во црквата Света Марија Магдалена во Норфик, на истото место каде што е крстена и принцезата Дајана во 1961-та година. На церемонијата беше поканет само 21 гостин.

2A403AEC00000578-3149880-image-a-108_1436112746873-650x433

Ова воедно е и првата пригода каде што помладото кралско семејство се појавува заедно. И иако Шарлот Елизабет Дајана беше во центарот на вниманието, ништо помалку не беше забележан и малиот принц Џорџ. Тој беше облечен идентично како и неговиот татко, за време на крштевката на принцот Хари.

collage12-650x559

На крштевката присустуваа кралицата Елизабета (89) и принцот Филип (94), принцот Чарлс со Камила, како и родителите на Војвотката од Кембриџ, нејзиниот брат Џек и сестрата Пипа, која облечена во бел фустан со долги ракави, доби пофалби за изгледот.

2A4259D800000578-3150081-image-a-31_1436181100712-432x650

Принцезата Шарлот беше облечена во истиот фустан во кој се крштеваше и принцот Џорџ, а Кејт остана доследна на својот префинет стил во бел костим и шапка.

2A4025B000000578-3149880-image-a-55_1436110762433-497x650

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top