| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто принцезата Шарлот вреди повеќе од својот брат и иден престолонаследник, принцот Џорџ?

Принцот Џорџ можеби е идниот крал на Англија и првото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, но изгледа дека за монархијата, во моментот,повеќе „вреди” неговата помлада сестра, принцезата Шарлот
Преслатките дечиња на војводата и војвотката од Кембриџ од нивното доаѓање на свет па до денес, се миленици на светската јавност. Никој не останува имун на разиграното однесување на деца, и како што тие растат, стануваат уште поважни.Така се чувствува и на економскиот раст, за кој се заслужни токму кралските деца по кои лудува светот.

Иако принцот Џорџ и принцезата Шарлот не се натпреварувачки расположени,ниту пак се свесни за нивното влијание, британските медиуми заклучија дека сепак 4.годишната принцеза е таа која вреди повеќе.

Кога станува збор за износите, принцот Џорџ, кој инаку е трет во линијата за наследување на тронот,според некои проценки, вреди 3,6 милиони долари, а неговата помлада сестра се ближи до бројката од пет милиони долари.

Заедно со огромното богатство што го стекнале со раѓање, правнуците на кралицата Елизабета придонесуваат за државниот буџет и тоа доста несвесно. Главно со гардеробата што ја носат и за која сите пишуваат во светските медиуми. Тука доаѓаме и до таканаречениот ефект на Шарлот, односно моментот кога другите родители гледаат како е облечена малечката принцеза па тие веднаш сакаат да ги видат и своите ќерки во идентични изданија.

По тоа прашање Шарлот е многу попопуларна отколку нејзиниот година и пол постар Брат Џорџ, кој најмногу може да се види во куси панталони, поради традиција која се почитува со векови.

– Кралските деца имаат позитивно влијание врз растот на продажбата на одредени артикли. Особено на облека и брендови за играчки во кои ги гледаме во јавноста. Тие се многу слични на нивната мајка, Кејт Мидлтон. Што и да облече таа или прима, се претвора во злато – објаснува експертот за таквите теми, економистот Дејвид Хаи.

Идентично сценарио би можеле да гледаме и во случајот на идните деца на Меган Маркл и принцот Хари, бидејќи новопечената војвотка полека, но сигурно го превзема насловот на икона на кралското семејство и е моден идол на милиони ширум целата планета.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top