| четврток, 6 декември 2018 |

Грците навалија во Битола по купување златници

Грците навалија во Битола во златарите, со намера да купуваат златници. Така ќе ги зачуваат заштедите во евра, велат во чаршијата, пишува „Мета“.

bitola-sirok-sokak

– Кризата ги натера Грците, заштедите во евра да ги преточат во златници. Кај нас златото е поевтино, па бараат златници по нашите златарници или купуваат големи парчиња златен накит. Половина златник кај нас чини околу 10.000 денари – вели дуќанџија во Старата битолска чаршија.

По злато Грците почнале да одат и во Прилеп, Кичево и во Дебар.

Грците доаѓаат и по поевтин бензин и по цигари во Битола. Продавач на бензин во една од бензинските пумпи лоцирани накај граничниот премин Меџитлија, тврди дека Грците од северот на земјата доаѓаат само до бензинските пумпи и веднаш се враќаат назад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top