Без нив не може ниту еден модерен тениски турнир, иако се во сенка, се значаен сегмент, особено за гранслем-турнирите. Станува збор за собирачите на топчиња, претежно деца не помали од 13 години. Вимблдон е познат по строгите правила, кои важат и за нив.
Момците и девојките што сакаат да собираат топчиња на терените на Ол-Ингланд клубот мора да поминат строги тестови за интелегенција, да имаат координирани движења и одлични рефлекси.
Првпат како новитет се појавиле во 1920 година, и тоа само од машкиот пол, а девојките чекале дополнителни 57 години за да им се приклучат на момчињата на Вимблдон.
Дека сѐ не изгледа толку лошо придонес даваат дарежливите организатори со одличните дневници. Секој од собирачите на топки за само еден ден минат на гранслемот во Лондон заработуваат по 190 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.