| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува манифестацијата „Денови на македонска музика“

Со македонски народни песни во обработка на домашни композитори и во изведба на Македонската филхармонија, вечерва, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе бидат отворени Деновите на македонска музика.

Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, на концертот со наслов „Синтези“, филхармоничарите ќе изведат 14 аранжмани на македонски песни.

Kако солисти ќе настапат Сузана Спасовска, Андријана Јаневска, Ѓоко Таневски, „Леб и сол“, Драган Даутовски, Христо Арсовски, Мартин Вучиќ, Наде Талевска, Иван Наумовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top