Министрите за финансии од еврозоната очекуваат нови предлози од Грција пред нивната нова средба, планирана за утре, информира претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум на Твитер, цитиран од ДПА.
– Заседанието на Еврогрупата почнува утре во 13 часот (11 часот според Гринич). Министрите очекуваат нови предлози од грчките власти – изјави Дејселблум на својот твит.
Министрите утре треба да ја разгледаат ситуацијата по референдумот во Грција, дополни тој.
– Еврогрупата ќе ја разгледа ситуацијата по референдумот, што се одржа во Грција на 5 јули. Министрите очекуваат нови предлози од грчките власти – се посочува во соопштение на Еврогрупата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.