| четврток, 6 декември 2018 |

Дејселблум засега не ги коментира новите предлози на Атина

Претседателот на еврогрупата, Јерун Дејселблум, засега нема да ги коментира продлозите за структурни реформи што синоќа му ги достави Владата во Атина, соопшти неговиот портпарол Михел Рејнс.

evro

– Дејселблум нема да ги коментира предлозите додека меѓународните институции не ја завршат својата оценка – рече Рејнс.

Усвојувањето на планот за структурни реформи во Грција е услов за овозможување на трет пакет за финансиска помош за Атина, без кој земјата би се соочила со банкрот и најверојатно би морала да ја напушти еврозоната.

Третата програма за помош на Грција треба да биде обезбедена во рамките на европските стабилизациски механизми. Брисел инсистира на исплата на помошта, дури откако Атина ќе почне со спроведување нови мерки на буџетско штедење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top