| четврток, 6 декември 2018 |

ИД уби двајца сириски активисти

­ Групата Исламска држава денеска објави ново видео со убиство на двајца сириски активисти, обвинети за шпионажа, во нејзиното упориште Рака.

Снимката поставена на страница на Фејсбук поврзана со ИД, покажува како двјаца млади мажи во портокалова облека, признаваат дека правеле снимки во региони на Сирија под контрола на групата и материјалите ги праќале во странство.

Тие се претставуваат како Фајсал Хусеин Хабиби (21) и Бишр Абдул Азим (20). Според нивните тврдења, тие добивале по 400 долари месечно.

Потоа на снимката е прикажано како тие се врзани за дрво, по што маскирани мажи ги убиваат. ИД досега има убиени стотици луѓе, откако во јуни минатата година прогласи Исламски Калифат, чија престолнина е Рака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top