Раководството на Вардар направи одличен потег со популарни цени на билетите од 100 денари за реванш мечот против Апоел во квалификациите за Лигата на шампионите.
Во Скопје ќе се игра на 21. јули од 20 часот на националната арена „Филип втори“, а првиот дуел е во Никозија на 14. јули.
Билетите можат да се купат во „МкТикетс“ и тоа почнувајќи од денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.