| четврток, 6 декември 2018 |

„Бед блу бојс“ го слават притворот на Мамиќ со спектакуларен огномет (видео)

zdravko mamic

По изречената мерка притвор за Здравко Мамиќ, најстарата генерација на „Бед блу бојс“, навивачите на Динамо Загреб славеа поред затворот каде се наоѓа контраверзниот Мамиќ.
По петгодишна „борба“ против Здравко Мамиќ тие со спектакуларен огномет ја прославија победата и потсетија на долгогодишниот притисок кој потпреседателот на клубот го правеше кон нив. Во последните неколку години „БББ“ беа во бојкот со што ги пропуштаа главните натпревари за својот тим.

Полицијата и граѓаните кои живеат во непосредна близина на затворот беа вчудоневидени од реакцијата на „“првата екипа“ на „БББ“ додека не сфатија за што се работи.

Пред да Пред да го направат огномет, членовите на навивачката група се обиделе да влезат во затворот и на својот непријател да му остават намирници за пристоен живот и долг живот внатре, но биле спречени од полицијата и не успеале во тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top