Гувернерот на германската централна банка Бундесбанк, Јенс Вајдман ја предупредил Владата во Берлин за загубите, што институцијата ќе ги претрпи при евентуалното излегување на Грција од еврозоната, објави германскиот весник „Ханделсблат“.
Како што пренесе ТАСС, на владината седница од 1 јули Вајдман посочил дека при евентуален излез на Грција од Монетарната унија, Бундесбанк нема да може во државната каса да ги внесе вообичаените суми.
Министерството за финансии досега очекуваше од Централната банка да има годишна заработка од 2,5 милијарди евра.
Според Вајдман, евентуалните загуби од „Грекзит“ треба да бидат пресметани и при составувањето на државниот буџет.
Бундесбанк во резерва чува 14,4 милијарди евра за непредвидливи трошоци при кризи во еврозоната. Овие резерви, меѓутоа, како што се чини, нема да бидат доволни при излегувањето на Грција од Еврозоната, забележа „Ханделсблат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Криза во Шпанија: Каталонија ќе оди на референдум
-
За неа нема веќе шеќер во исхраната: Четири замени за чоколадото, гумените бомбони и слатките
-
Ја чувствуваат кризата – градежниците не се охрабруваат да почнат нови инвестиции



