Не само што се одлични за заштита од сонцето и задолжителен моден додаток во лето, оваа сезона шеширите се враќаат на големата модна врата.
Од големиот избор на шапки, одберете го вистинскиот за вашата форма на лице.
Овално лице
Девојките со овални лица се навистина среќни бидејќи нив им одговара речиси секаков модел. Само постои едно правило кое треба да го запазите – колку сте повисоки толку обрачот на шеширот треба да биде поголем.
Топчесто лице
Овој тип на лице е пошироко од овалното па затоа најмногу му одговараат шешири кои визуелно ќе го издолжат лицето. Изберете високи капи со остри линии и различни модели на каубојскиот шешир. Избегнувајте плитки капи со меки линии кои паѓаат надолу.
Коцкасто лице
Коцкастото лице има изразени линии па му одговараат капи кои ќе ги омекнат ликот. Најдобри шешири се широки со заоблени рабови кои можат да се наместат според лицето.
Триаголнесто лице
Високото долго лице одговара со сега популарните панама шешири затоа што визуелно го скратува лицето. Четвртастите високи, мали шешири треба да се избегнуваат бидејќи така ќе ви се издолжи лицето уште повеќе. Се препорачува да носите капа прилепена за вашето чело.
Срцевидно лице
На девојките со срцевидното лице со мала брада и широко чело не им одговараат широки шешири. Одберете шешири со тесен обрач, прилепен за лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








