| четврток, 6 декември 2018 |

Јанис Варуфакис поднесе оставка и покрај успешниот референдум

janis varufakisГрчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис утрово поднел оставка за да му олеснел на премиерот Алексис Ципрас во преговорите со странските доверители и покрај грчкото „не“ со 61,31 процент од гласовите против мерките за штедење.

varufakis ostavka

Варуфакис ја најави својата одлука на „Твитер“, а на својот блог ги објасни и причините за таквата одлука.

– Набрзо по соопштувањето на резултатите од референдумот јас самиот, свесен за одредени наклоности на поедини претставници на еврогрупата и на други партнери за мое „отсуство“ од состаноците, одлучив дека тоа може да биде евентуално корисно за премиерот во постигнување договор. Од тие причини денес го напуштам Министерството за финансии – наведува Варуфакис на својот блог и додал дека со гордост ќе го носи гадењето на кредиторите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top